價格:免費
更新日期:2016-09-26
檔案大小:4.8M
目前版本:1.0
版本需求:Android 4.2 以上版本
官方網站:http://www.ohridskabanka.mk
Email:obsg.mojabanka@gmail.com
聯絡地址:Makedonski prosvetiteli br.19 6000, Ohrid Macedonia
Мобилниот токен М-токен е софтверска апликација која се инсталира и користи преку мобилен уред, мобилен телефон или таблет, а служи за идентификација на корисници и потврда на трансакции во системот за електронско банкарство за физички лица OBSGN@T на Охридска Банка Сосиете Женерал.
M-Токен апликацијата може бесплатно да ја преземете од Андроид Market-от.
Откако апликацијата ќе се инсталира, потребно е да се активира со внесување на корисничко име и иницијална лозинка кои можете да ги добиете со поднесување на барање за електронско банкарство во било која експозитура на Банката.
Апликацијата е бесплатна и достапна за користење на 3 јазици: македонски, албански и англиски јазик.
Сигурност
М- Токен апликацијата е замена за хардверскиот токен и нуди еднакво ниво на сигурност, со тоа што и апликацијата како и хардверскиот токен, е заштитена со PIN број кој единствено е познат на сопственикот на мобилниот телефон. PIN-от за пристап на апликацијата може да се промени во секој момент. Дополнително во моментот кога се поставува ПИН, постои и ПИН асоцијација која се состои од назив на држава и приказ на нејзиното знаме. Целта е ПИН асоцијацијата да Ви помогне да внесете точен ПИН во моментот на користење на апликацијата.